ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

В сабота, без закажан термин, фотографирање за лични документи за граѓаните што наполниле 18 години, а немаат биометриски исправи

Граѓаните што наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, в сабота ќе може да се фотографираат за лични документи без да имаат закажан термин, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Целта, како што велат од МВР, е овие лица навремено да добијат документи за да можат да го остварат своето право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Фотографирањето ќе може да се изврши во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, во периодот од 8 до 15 часот.

„Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори“, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button