ВЕСТИСВЕТ

НАТО одбележува 75 години постоење

Во Брисел се одржува дводневен состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од НАТО, по повод 75-годишнината од алијансата.

Се размислува за петгодишен пакет воена помош за Украина од 100 милијарди евра, кој би обезбедил поддршка за Киев во случај Доналд Трамп да се врати во Белата куќа. Москва вели дека нема место за НАТО во мултиполарниот свет, но дека тој ќе продолжи да биде во фокусот на руското внимание.

Министрите за надворешни работи на 32-те земји-членки на НАТО разгледуваат начини да и дадат помош на Украина на долгорочна основа. Се планира НАТО да преземе дел од координациите од коалицијата предводена од Соединетите Држави, позната како Рамштајн група, која обединува околу педесет земји.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг вели дека е постигнат договор за потребата од зајакнување на улогата на Алијансата во поддршката на Украина, но дека конечната одлука се очекува на Самитот на НАТО во јули во Вашингтон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button