ВЕСТИРЕГИОН

Данка е мртва! Уапсени двајца коишто го признале злосторството

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на вонредната седница на Владата, што почна денеска во 10 часот во Палатата Србија, изјави дека полицијата уапсила две лица кои го извршиле убиството на малата Данка, пишуваат српските медиуми.

– Имаме лоши вести за ова наше дете, полицијата уапси две лица кои ја убија малата Данка и тие го признаа ова злосторство. А, сега ги носат на местото на убиството… Со какви чудовишта си имаме работа – изјави српскиот претседател Александар Вучиќ видно вознемирен откако му беше предадена папката од министерот за внатрешни работи.

Осомничени за убиството на Данка Илиќ се двајца вработени во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор. Сомнежите се дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа го ставиле во возилото и го однесле на место што се користи како дива депонија.

Српското МВР најави повеќе детали за во текот на денот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button