ЗДРАВСТВО

Вакцинација против ковид-19 се препорачува и за трудници и за оние што се обидуваат да забременат

Вакцинацијата против ковид-19 се препорачува за трудници. Сите што имаат 18 години и се постари од 18, вклучително и оние што се бремени, кои дојат, се обидуваат да забременат сега или планираат во иднина, треба да бидат целосно вакцинирани. Вакцината може да заштити од сериозни (тешки) компликации при заболување со ковид-19, а здравата мајка е важна за здраво бебе, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Advertisements

Ако жената забремени откако ја добила првата вакцина против ковид-19, треба да ја прими и втората вакцина за да добие што е можно поголема заштита. Пред вакцинација против ковид-19 во бременоста се препорачува задолжителна консултација со матичниот гинеколог, во врска со процената на возраст на пациентката, потоа гестациската старост на плодот и секако претходни индивидуални здравствени состојби, ризици и заболувања.

Потребно е да се знае дека трудниците имаат поголема веројатност да се разболат од ковид-19 со последици и затоа се препорачува на жени што планираат да забременат во иднина, се бремени или, пак, се доилки. Бремените жени можат да примат засилувачка доза, а доказите за безбедност и ефективност на вакцината против ковид-19 за време на бременоста растат. Моменто нема докази дека која било вакцина предизвикува проблеми со плодноста кај жените или мажите, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button