ЗДРАВСТВО

Вакцинирани близу половина од полнолетните граѓани

Заклучно со 4 септември со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 44,6 проценти од населението над 18 годишна возраст. Вкупно 54 отсто од граѓаните над 40 години имаат примено барем една доза на вакцина, како и 29 проценти од граѓаните на возраст помеѓу 18 и 39 години.

Согласно податоците на Министерството за здравство, најголем опфат со една доза на вакцина има во Неготино 63,4 проценти, Кавадарци 62,3 отсто и Охрид 61,4 проценти.

Во тек е вакцинацијата во сите вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните можат да се вакцинираат без закажан термин. Процесот на вакцинација со домашна посета, пак, се одвива со претходно искажана заинтересираност до најблискиот пункт на местото на живеење.

Министерството за здравство информира дека вакцини има во доволен број и апелира на заинтересираност и вклучување во процесот на вакцинација, особено помладата популација. Нагласуваат дека вирусот не ги исклучува младите, а на тоа укажуваат бројките од последните анализи.

Акцентот во моментов се става на важноста да се вакцинираат и помладите граѓаните. Надлежните посочуваат дека оваа категорија е помалку заштитена, и токму тие можат да го шират вирусот во своите семејства. Затоа, до крајот на неделава ќе се отвори пункт на кампусот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ каде со кадарот од Универзитетската амбуланта ќе се врши вакцинација и на помладите.

На вакциналните пунктови, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 747.225 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 3.621 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14.159 граѓани. Досега во државата се аплицирани 1.332.658 дози вакцини, а ревакцинирани се 579.358 граѓани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button