ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ван дер Белен пречекан со највисоки државни и воени почести во Скопје

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека неговиот австриски колега Александер Ван дер Белен, кој во придружба на сопругата Дорис Шмидауер, престојува во официјална посета на земјава.

Advertisements

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Теми на разговор, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, беа севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Австрија, можностите за нивно продлабочување со акцент на економската соработка, текот на европските интеграции на нашата земјакако и отворените прашања на Западен Балкан и состојбите во поширокиот регион.

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен да одржат заедничка прес-конференција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button