МАКЕДОНИЈА

Ванковска: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“

Професорката и кандидатка за претседателка на Македонија, поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска, во своја реакција по наводите на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со одложена примена на уставните измени вели:

„Можеби некој конституционалист/уставен правник ќе ни објасни што значи ова „одложена примена на уставните измени”… Јас за вакво нешто во компаративното уставно право не сум слушнала. Но, ова е Македонија – земјата на чудата.

Моето “лаичко” толкување е: ние навистина ќе го смениме уставот и ќе ги вметнеме и Бугарите и сите други, но ќе се преправаме дека уставните амандмани не се во сила до крајот на преговорите. (Не заборавајте дека ветија и намалување на бројот на пратеници за што е потребно да се смени уставот). Впрочем, и Заев ве лажеше за имплементацијата на Преспанскиот договор дека ќе се случи “поглавје по поглавје”.

И ова го нарекуваат “непопустлива надворешна политика”. Немојте после не сте знаеле. Само треба да читате меѓу редови“, вели Ванковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button