ВЕСТИСВЕТ

Тешка автобуска несреќа во Германија, има и жртви

Автобус се преврте на автопатот А9 во близина на германскиот град Лајпциг, при што загинаа најмалку пет лица, а други патници се тешко повредени.

„Во несреќата загинаа пет лица“, потврди портпаролот на полицијата Олаф Хоуп за германски БИЛД, додека идентитетот на жртвите не е откриен.

Автопатот е затворен во двата правци, а на местото на несреќата се наоѓаат полиција и истражители, како и екипи на итната помош.

Од автобуската компанија соопштиле дека во авионот имало 53 патници и двајца возачи, пренесе германската новинска агенција ДПА. Компанијата соопшти дека тесно соработува со локалните власти и спасувачките служби и дека ќе направи се за брзо расчистување на причините за несреќата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button