ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ветеното зголемување на платите, го нема во ребалансот

Ребалансот на буџетот предизвика револт кај Сојузот на синдикатите. ССМ потсетува дека во преговорите за колективниот договор за јавниот сектор е постигнат договор за линеарно зголемување на платите за најмалку 2806 денари, но дека во ребалансот не ги гледа ветените пари. Од Сојузот на синдикатите велат дека за жал се покажало дека владата само купила време и си поиграла со судбината на над 130.000 работници во време кога економската криза, енергетиката и инфлацијата ги троши платите. Сојузот на синдикати бара итна средба во Владата за уште еднаш да се потврди договорот и да започне неговата имплементација.

„ Ако не биде постигнат договор за 2.806 денари сега, од септември истото ќе изнесува 18,4 проценти односно онолку за колку што се зголеми минималната плата согласно Закон, каде што рокот од 6 месеци мора да се испочитува за што и Владата јасно истакна дека во рок од 6 месеци ќе се усогласат останатите плати и од тоа назад нема!, пишува во соопштението од ССМ”, Сојуз на синдикати

Синдикатите потсетуваат дека од 1 мај бараа зголемување на платите и за таа цел на улица излегоа над 7500 работници, кои јасно ја пренесоа пораката дека сега е неопходно зголемување на платите, но многу јасно е дека пораката не е разбрана.

„ССМ инсистира да им се помогне на работниците со ниски примања и за оваа цел барањето за зголемување на платите за 2806 денари веднаш е солидно решение. Напротив, со сигналите испратени со ревизијата на буџетот, солидарноста ќе исчезне и работниците ќе го бараат она што им припаѓа по закон“, велат од ССМ.

Сојузот на синдикатите и Владата пред еден месец го започнаа социјалниот дијалог за зголемување на платите за 2806 денари за јавниот сектор. Една од точките беше враќањето на регрес за годишниот одмор во 2023 година. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button