ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓани: Платите не стигнуваат за цел месец, поради покачените цени

Граѓани: Платите не стигнуваат за цел месец, поради покачените цени

По изминати шест години од даденото ветување за 500 евра просечна плата, актуелната Влада предводена од СДСМ се пофали дека го остварила ветеното, откако Државниот завод за статистика објави дека примањата исплатени за месец март изнесуваат 31.080 денари. Сепак, граѓаните велат дека овој износ е недоволен, со оглед на растот на цените на производите.

„Богами јас не знам дека има 500 евра плата. Кој кажа дека имаме 500 евра
Од Владата велат дека сега има 500 евра плата

“Како да не, јас имам пензија од 60 евра со 4 бајпаси и со работен стаж од 14 години, 60 евра.
Имате ли член во семејството кој зема 500 евра плата?..”

“Ни жената ни децата. Како 500. А да тие адвокати, судии, доктори да, ама други не знам да имаат толку…”

„Се оди нагоре, а платите најмалце.“

„Не верувам дека со 500 евра некој може да живее, со овој стандард најмалку треба требаа да биде околу 700 евра“.

Премиерот Димитар Ковачевски, во специјално видео обраќање, кажа дека СДСМ успеал да го реализира ветувањето и покрај тоа што тоа било мета на критики и потсмев.

„Сфаќаме колку е значајно вложувањето во приходите на граѓаните и работниците. Со покачувањето на платите се штитиме од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде што е најпотребно. Пред нас е тешка зима, во која ќе ги вложиме сите сили да ги намалиме ценовните шокови. Сакам да Ве уверам дека Владата е целосно посветена и подготвена за се што претстои“, изјави Димитар Ковачевски – претседател на Владата

Според премиерот платите растат во континуитет, иако опозицијата се обидела да опструира и ги блокирала законите за растот на платите.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, истакнаа дека зголемувањето на просечната плата е вештачко, со оглед на повисоките цени на струјата, горивата и основните прехранбени производи.

 

„Стандардот на граѓаните е уништен, економијата е разрушена, платите ја изгубија вредноста што ја имаа претходно и тоа благодарение на СДСМ, така што да не ги замајуваат граѓаните и да не ја лажат јавноста, бидејќи никој повеќе не им верува, затоа што знаат самите граѓани колку им вреди нивната плата кога ќе влезат да пазаруваат во маркетите“, изјави Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Инаку, согласно најновите статистички податоци, највисока просечна плата по сектори, ја земаат програмерите – над 80 илјади денари, како и банкарите и менаџерите, од околу 56 илјади. На дното на листата се вработените во текстилната индустрија и услужните дејности, каде просечната плата се движи околу 21 илјада денари. /Лука Андреев

Лука Андреев 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button