ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВЕВЕ ГРУП: Која е правната сигурност да се инвестира во земјата

ВЕВЕ ГРУП: Која е правната сигурност да се инвестира во земјата

Од ВЕВЕ ГРУП, јавно прашуваат која е правната сигурност да се инвестира во земјата кога државата, преку правниот систем – нејзините органи, со давање на погрешни и неточни податоци ги доведува во заблуда инвеститорите.

Од компанијата објаснуваат дека договорот за купопродажба е склучен пред надлежен нотар без било какви евидентирани товари – хипотеки, што е потврдено и од страна на Судот во Скопје, и од агенцијата за катастар на недвижности.

По стекнувањето на сопственоста над недвижниот имот ВЕВЕ ГРОУП ДОО за свои потреби зема кредит од Комерцијална банка АД Скопје, зашто се воспоставила залог-хипотека над истиот имот од прв ред, бидејќи врз истиот немаше запишано никаков товар-хипотека.

За ова ВЕВЕ ГРОУП обезбеди потврди издадени од Агенцијата за катастар на невижности Акопје со кои се потврди дека од извршениот увид во интабулационите книги-хипотека и тоа сметано од 1990 година до 28.08.2009, односно до 07.07.2011 година врз недвижниот имот нема заведено хипотека.

Во 2013 година за потребите на банката, ВЕВЕ ГРОУП има извадено нов имотен лист за споменатиот недвижен имот во кој за прв пат во делот на имотниот лист г8 беше прибележано дека од интабулационите книги на Судот е пренесена хипотека врз овој имот, како обезбедување на кредит на должникот Еуро продукт ДООЕЛ Скопје спрема Стопанска банка Скопје главна филијала Куманово од 1993 година. За долгот на Еуро Продукт ДООЕЛ Скопје спрема Стопанска банка Скопје главна филијала Куманово никој од претходните сопственици, ниту од ВЕВЕ ГРОУП не бил запознаен, ниту дека за тој долг е укнижено заложно право-хипотека во интабулационите книги.

ВЕВЕ ГРОУП, како совесен купувач имал верба во запишаното во јавните книги, согласно член 150 став 1 од законот за сопственост и други стварни права, кој гласи:

„Се смета дека јавната книга за запишување на правата на недвижностите вистинито и точно ја одразува фактичката и правната состојба на недвижноста, па оној што во добра верба се потпирал на запишаното во јавната книга, незнаејќи дека она што е запишано во неа не е точно или дека е различно од состојбата надвор од јавната книга, има и право на заштита според одредбите предвидени со Закон“.

Се разбира доколку правниот претходник, Капитал банка, односно ВЕВЕ ГРОУП, како последеден сопственик на споменатиот имот утврдиле дека била запишана хипотека врз истиот, истите не би пристапиле кон давање на кредит или заклучување на договор за купопродажба.

ВЕВЕ ГРОУП пристапил кон купување на споменатиот имот, откако претходно обезбедил од органите на државата, односно судот и катастарот дека врз споменатиот недвижен имот нема прибележано никакви хипотеки.

Дали во овој случај политиката има свое учество не може да се утврди, но фактите и доказите укажуваат на таква можност, која со текот а времето ќе се разјасни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button