СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО / Аргентина без Меси, со преврт славеше против Костарика

Аргентина, актуелниот светски шампион, славеше во пријателскиот натпревар против Костарика со 3-1, иако на полувремето губеше со 0-1.

На овој дуел „гаучосите“ настапија без својата најголема ѕвезда Лионел Меси кој се повреди. На стадионот „Колосеум“ во Лос Анџелес, Угалде најави изненадување со голот во 34. минута со кој Костарика дојде во водство. Со овој резултат се замина на одмор.

Сепак, само четири минути им беа потребни на „гаучосите“ да го свртат курсот. Анхел ди Марија погоди во 52. минута, а Мекалистер ги доведе аргентинците во водство во 56. минута. Точка на триумфот стави Лаутаро Мартинез во 77. минута, само шест минути откако го замени Гарначо на теренот.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button