ВЕСТИРЕГИОН

Продолжува потрагата по двегодишната Данка

Повеќе од 18 часа се трага по двегодишното девојче Данка Илиќ кое вчера попладне исчезнало во околината на градот Бор во Србија. Потрагата продолжува и денеска. На терен се полицајци, пожарникари-спасувачи, припадници на планинарската спасувачка служба, припадници на жандармеријата. Во потргата се вклучени и кучиња-трагачи, ловџии и бројни граѓани, а се користат и хеликоптери и дронови со камери.

Полицијата оди од зграда до зграда за да најде некаква трага која ќе помогне во потрагата по исчезнатата Данка, а проверени се и сите напуштени објекти во приградската населба Бањско Поле во околината на Бор.

На приодот кон Бањско Поле има пунктови каде што полицијата врши увид на возила, а како што јавуваат српските медиуми, се истражуваат и сите лица од безбедносен интерес кои претходно биле во судир со законот.

Потрагата по девојчето е делумно отежната поради дождот кој од вчера врне речиси непрекинато, но и од ниските температури кои сношти се спуштиле на 6 Целзиусови степени, колку што е и сега, јавува Данас.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button