РЕГИОН

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, поплавени повеќе градови

Силно невреме погоди делови од Грција. Најкритично е на Крит каде поплавите предизвикуваат огромни проблеми. Тешко се погодени Хераклион, Малија и Херсонисос.

Advertisements

Водата носела дури и автомобили, а спасувачките служби биле контактирани од десетици граѓани  заробени во нивните возила, подруми или приземја.

Како што пренесуваат грчките медиуми, повредени нема, но многу патишта се поплавени.

Ова е трет пат за помалку од еден месец оваа област да биде погодена од поплави.


Метеоролозите предвидуваат дека обилните врнежи од дожд ќе продолжат до четврток.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button