
Интер ја оствари 26. победа во Серија А оваа сезона откако со пресврт триумфираше (1-2) против Удинезе на „Фриули“.
Тимот на Симоне Инзаги дури во судиското продолжение успеа да дојде до победнички погодок, а имаше негатива по првиот дел. Лазар Самарџиќ во 40.минута ја погоди мрежата на Јан Зомер. Сепак, во второто полувреме Интер дојде до својата цел и трите бода.
Хакан Чалханоглу од пенал израмни во 55.минута, а Давиде Фратези во 95.минута беше стрелец на победничкиот гол за „нероаѕурите“. Интер на врвот има 14 бода предност во однос на второпласираниот Милан.