ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Изгореа дуќани и дел од трибините на Градскиот стадион во Тетово

Во пожарот што избувнал во подтрибинскиот простор, синоќа изгоре дел од Градскиот стадион во Тетово – дуќани кои се наоѓале таму, но зафатен е и дел од трибините.

Според командирот на противпожарната бригада Ука Алити пожарот бил пријавен во 20.23 минути и гаснењето траело 70 минути со четири возила и девет пожарникари гаснеле. Направена е голема материјална штета, но за среќа нема повредени.

„Изгореа и дел од столчињата на стадионот. На почеток бевме доведени во опасност поради ‘фрлање на струја’, односно ненадеен проток, кратки споеви, експлозии и бидејќи водата е спроводник не можевме веднаш да интервенираме и тоа го сторивме откако беше исклучена струјата. Со употреба на пена спречивме понатамошно прошириување на огнот“, изјави Алити за локалните медиуми.

Порталот Тетово инфо на својата Фејсбук страница објави видео.

Освен дека пожарот се појавил во подтрибинскиот простор, засега нема други иформации за причините.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button