РЕГИОН

(ВИДЕО) Невреме низ цела Србија – Порој во Белград, ветер искорна дрвја во близина на Нови Сад

Невреме проследено со силен дожд и град ја погоди скоро целата Србија денес во текот на попладневните и вечерните часови. Според метеоролозите, нестабилното време се очекува да трае до 20 јули.

Силен дожд, проследен со грмежи, го погоди Белград во два наврата, најпрвин околу 18 часот, а потоа околу 20:30 часот. Некои делови беа погодени од град. Невремето го зафати и Зрењанин, Ужице и областа Нишава.

Новосадскиот портал НС извести дека силно невреме проследено со град, грмотевици и силно невреме ја  погодило и периферијата на Нови Сад.

Најсилен град го погоди Мошорин, а во Каш и Будисава ветерот корнеше дрвја и бандери, па интервенираа пожарникарите.

Силен дожд денеска падна и во Сараево и Загреб, оставајќи поплавени многу улици.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button