ЕКОНОМИЈА

Во слободните индустриски зони досега инвестирани 50 милиони евра, приходите за 10 милиони помалку!

Странските инвеститори кои ќе инсистираат да изградат фабрика во скопските индустриски зони ќе добијат помалку државна помош, од оние кои ќе инвестираат во зоните од внатрешноста на Македонија. Ова ќе биде почеток на нов начин на субвенционирање на компаниите со странски капитал кои ќе имаат намера да отпочнат бизнис во земјава. На тој начин надлежните велат дека ќе се поттикне рамномерниот регионален развој.

„Компаниите кои ќе решат да инвестираат во зоните во главниот град ќе имаат една предност помалку од сите останати, што значи дека нема да бидат повеќе повластени како досега. Тоа значи дека разликата помеѓу пазарната цена која што треба да ја платат за наем на земјиштето и повластената цена која државата им ја нуди ќе им се пресметува во пакетот за државна помош“, рече Јован Деспотовски директор на ТИРЗ.

Според податоците, без разлика во која зона се наоѓа земјиштето и колку е вложувано во таа зона, парцелите се вреднуваат по тоа колкав е приходот на компаниите во таа индустриска зона. Повторно, тоа се зоните во Скопје и се десетина пати поскапи во однос на другите индустриски зони. Со тоа, според надлежните, граѓаните од тие градови не ги чувствуваат придобивките од странските инвестиции.

Искуството досега покажало дека странските инвеститори се одлучуваат да инвестираат во скопските индустриски зони поради близината на автопатот кој оди кон солунското пристаниште, во близина е скопскиот аеродром, како и достапноста до државните институции. Досега во индустриските зони се вложени 50 милиони евра државни пари, а приходите кои ги добила за овие десет години изнесуваат нешто над 40 милиони евра. Засега, само една третина од парцелите во индустриските зони низ земјава се искористени, другите две третини се празни.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button