ЕКОНОМИЈА

Видеолотарија Касинос Австрија во 2021 донираше 7.641.786,00 денари

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна компанија, настојува да одговори на предизвиците и условите со кои се соочува модерното време на бизнисот. Последниве години, општествената одговорност стана деловен императив и глобална идеја, а општествено одговорната работа и одржлив развој, станаа своевидно светско движење. Нашата компанија настојуваме да го негува овој тренд. Сакаме да бидеме одговорни кон сите, посебно кон ранливите категории во нашето општество.

Во текот на 2021 од нашиот буџет одвоивме фонд за донации во вкупен износ од 7.641.786,00 денари. И оваа година без исклучок, сакавме да дадеме свој придонес во спортот, образованието, културата, здравството. За таа цел во текот на оваа година обезбедивме донации од 5.570.600,00 денари за спортисти и спортски клубови, како и 2.071.186,00 денари, средства за донации од јавен интерес.

Оваа година сме особено горди на нашето ново партнерство со ФФМ, долгогодишната соработка со автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе, новите соработки со Горан Пандев, Кире Лазаров и Едина Муса како наши бренд амбасадори.

Видеолотарија Касинос Австрија во склоп на своите заложби за општествена одговорност, отпочна со реализација на амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. Во склоп на овој проект, годинава во функција го ставивме првото мултифункционлано игралиште во Скопје.

Со реализација на буџетот за донации, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните, кои ќе продолжиме да ги негуваме и надградуваме и во иднина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button