ВЕСТИРЕГИОН

„Вијести“: Ковачевски и Рама прифатија заедно со Абазовиќ да го посетат Киев

Премиерите на Северна Македонија – Димитар Ковачевски и на Албанија – Еди Рама ја прифатија идејата на нивниот црногорски колега Дритан Абазовиќ заеднички да го посетат главниот град на Украина, Киев, пишува црногорскиот весник „Вијести“ повикувајќи се на сопствени извори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот во телефонски разговор го поканил Абазовиќ да го посети Киев, по што црногорскиот премиер ја покренал идејата за заедничка посета со другите премиери на државите од Западен Балкан кои се членки на НАТО.

„Како што најави, Абазовиќ ќе ја покрене идејата за заедничка посета на Киев со премиерите од Западен Балкан, пред сè со НАТО-членките од регионот, со цел да се испрати силна и едногласна порака за поддршка на суверенитетот и интегритетот на Украина од Западен Балкан“, соопштиле вчера од кабинетот на Абазовиќ, за што „Вијести“ пишуваат дека веќе има согласност од Ковачевски и Рама за да се реализира ваква посета.

Дали Ковачевски се согласил и доколку да, кога би се реализирала посетата на Киев, се обративме и до македонската Влада, за што во текот на денот очекуваме и официјални информации.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button