ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вилма Русковска суспендирана, дисциплинска постапка за уште две обвинителки

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија, дознава „А1он“. Информацијата ја потврдува и обвинителката. Според информации на „А1он“, одлуката за суспензија е донесена откако против Русковска, но и Ивана Трајчева, како и Елизабета Јосифовска е покрената дисциплинска постапка, поради претресот во финансиската полиција.

Од Јавното обвинителство предмалку соопштија дека е поднесен предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.

– Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Во исто време, додаваат од Обвинителството, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button