ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Високо на агендата на Словенија решавање на прашањето меѓу Скопје и Софија

Словенечкиот претседател Борут Пахор вчера изрази надеж дека до октомври, кога Словенија е домаќин на самитот на лидерите на Европската унија и Западен Балкан, може да се постигне компромис, кој ќе ја отвори вратата за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

– Сите ја разбираме сложеноста на овој процес. Посебен акцент е ставен на прашањето за компромис кој би бил прифатен од Северна Македонија и Бугарија. Тоа е еден од ретките мерливи резултати на словенечкото претседавање. Ако успееме во тоа, што нема да биде едноставно, тогаш можеме да кажаме дека сме направиле многу за проширувањето на ЕУ во земјите од Западен Балкан, бидејќи ќе ја зајакнеме довербата во веродостојноста на Унијата, која претходно и вети на Северна Македонија дека доколку ги исполни сите услови поврзани со грчката блокада, ќе добие „зелено светло“ за продолжување на преговорите, изјави словенечкиот претседател по средбата со неговите колеги од Хрватска Зоран Милановиќ и од Австрија Александар Ван дер Белен.

Хрватскиот претседател од своја страна истакна дека на „Северна Македонија не треба и да се поставуваат невозможни услови, кои влегуваат во интимниот простор на нацијата“.

– И околу Западен Балкан, и околу Северна Македонија и Албанија, јас многу јасно кажав пред еден или два месеца, кога е во прашање Северна Македонија, но сега некои работи се изменети. Имаше избори во Бугарија, се надевам дека тоа ќе ја олесни ситуацијата и дека на младиот, новиот и малку економски послабиот кандидат Северна Македонија, нема да и се прават проблеми и да и се поставуваат услови кои се невозможни, односно кои влегуваат во интимниот простор на нацијата, додаде Милановиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button