ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата ги намали ограничувачките мерки – Полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро

Од утре полицискиот час ќе трае само четири часа, односно интервалот на ограничување на движењето на граѓаните ќе биде од полноќ до 04 часот наутро во наредните две недели. Во одлуката на Владата која е одобрена според препораките на Комисијата за заразни болести, само утре вечер, воочи празниккот Бајрам нема да има полициски час. Оваа одлука останува како и досега, дека укинувањето на полицискиот час ќе биде помеѓу 12 и 13 мај заради празникот на муслиманските верници во земјава.

Advertisements

„Од среда, на 12 мај, слободното движење на граѓаните ќе биде од 5 наутро до полноќ на 13 мај. Угостителските објекти со отворени простори како што се тераси и градини можат да бидат отворени до 23:30 часот. Центрите за фитнес почнуваат да работат, но со специјални протоколи против ковид“, наведоа од Владата.

Но, каков ефект ќе има забраната за слободно движење после полноќ, кога во тоа време обично нема толку многу движење? Епидемиологот Александар Стојанов вели дека мерката не е целосно укината поради забраната за собирање на млади и на отворено и на затворено.

Олеснувањето на рестриктивните мерки за спречување на ширење на заразата доаѓа како резултат на подобрувањето на епидемиолошката состојба во земјава, велат здравствените власти. Нивниот апел е дека и покрај ова олеснување, да се почитуваат преостанатите мерки како одржување на далечина, не групирање на повеќе од четири лица и носење маски, без оглед на тоа кој е вакциниран.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button