ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата ја промовираше првата странска инвестиција, односно изградбата на ветерниот парк

Владата ја промовираше првата странска инвестиција, односно изградбата на ветерниот парк

Со инвестицијата на „Алказар Енерџи“ од над 500 милиони долари во ветерен парк со 55 ветерници, во државата ќе се отворат 630 нови работни места. Локацијата е меѓу Карбинци, Штип и Радовиш, а ќе се произведуваат еден терават час електрична енергија, што претставува дваесттина проценти од целокупното производство на струја во земјава. Со тоа ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства. Изградбата на најголемата инвестиција во делот на обновливите извори во регионот, како што ја оцени премиерот Христијан Мицкоски, би требало да започне во втората половина на идната година.

„Ова се свежи долари кои што директно влегуваат во економијата на Македонија, создавање на работни места, односно 630 во текот на изградбата и дополнителни 200 во текот на работата, што е во траење од 20 до 30 години. Намалувањето на цената на чинењето на електрична енергија е она што го нарекуваме израмнување на трошоците на електрична енергија од ветерна енергија, што е поевтина од енергијата произведена од јаглен или гас“, рече Даниел Калдерон, генерален директор, Алказар Енерџи.

Изградбата може да потрае до 24 месеци или до втората половина на 2027 година./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button