
Владата планира да формира фонд за истражувачко новинарство кој ќе служи за креирање кампањи за борба против криминалот и корупцијата. Исто така се предвидува и фонд што ќе промовира нови новинарски производи. Овие најави премиерот Заев ги даде попладнево откако се вакцинираше со првата доза од кинеската вакцина Синофарм.