ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО бара да се објави протоколот, СДСМ вели – не е дел од преговарачката рамка

Во пресрет на пленарната седница за францускиот предлог, македонската опозиција бара Владата да го објави протоколот што ќе биде потпишан меѓу Скопје и Софија. Според нив, сомнителен е фактот што овој протокол се чува во тајност.

Од Владата велат дека протоколот е само записник од средбата на двете министерства за надворешни работи, и бараат да не се шпекулира со неговата содржина и важноста. Протоколот, според Владата , не е поврзан со преговарачката рамка, и нема да биде дел од преговарачкиот процес за членство. Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за телевизија Сител ветува дека ќе биде објавено пред потпишувањето.

За почеток на преговорите за членство, Владата мора да се согласи со четири документи, предлог-преговарачката рамка, општата декларација на ЕУ за почеток на преговорите, предлог-заклучоците на Европскиот совет и билатералниот протокол Скопје-Софија.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button