ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработените во градинките останаа без парите кои им беа скратени за време на штрајкот

Вработените во градинки кои штрајкуваа се уште го немаат земено остатокот од платата, кој не им беше исплатен затоа што го поддржаа штрајкот, иако одеа на работа. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска рече дека на вработените кои штрајкувале им било платено онолку колку што предвидува законот во овој случај, секое друго дејствие, според Тренчевска, би било злоупотреба на законските процедури.

Но, на 20 мај, кога Министерството за труд и СОНК постигна договор за исплата на целосните плати на вработените во градинката, министерката Тренчевска изјави:

Од Синдикатот за образование, наука и култура информираат дека ги разгледуваат сите можности да го исплатат преостанатиот долг кон вработените во градинките. На вработените во градинките не им била исплатена сумата од 1500 до 5500 денари во зависност од статусот и работното искуство. Според извори на Алсат, доколку ресорното министерство не ја изврши оваа исплата, СОНК ќе го стори истото со издвојување средства од својот буџет.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button