ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Проширувањето на „Цветан Димов“ ќе ја чека експропријацијата

До каде е проектот за проширување на булеварот „Цветан Димов“. Прашања испративме до Град Скопје и Општина Чаир. Од општинаа не ни дадоа детали до каде е постапката за експропријација и кога се очекува да се одржи презентацијата на проектот, упатувајќи не одговори да побараме во град Скопје.

Проектот и буџетирањето за проширување на булеварот „Цветан Димов“ и сите процедурални фази му припаѓаат на Град Скопје. Општина Чаир дава целосна поддршка за реализација на овој проект, кој истовремено претставува долгорочно решение за сообраќајниот хаос на оваа улица“, велат од оопштина Чаир.

Од Градот Скопје велат дека ги решаваат сите предизвици пред да почнат со реализација на проектот. За булеварот велат дека подготвуваат интерни акти за решавање на сообракајниот хаос. Еден месец по изјавата на градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, дека жителите на Чаир ќе бидат изненадени од презентацијата на проектот за булеварот „Цветан Димов“,граѓаните се уште го чекаат планот.

За проширување на овој булевар треба да се решат прашањата за експропријација – и некои објекти треба да се отстранат. Оние кои ги посетивме пред извесно време ни кажаа дека слушнале дека се планира проширување на булеварот за три ленти, но велат дека се уште не добиле официјално известување. Граѓаните кои тогаш ги анкетиравме беа скептични, некои не веруваа дека најавениот проект ќе се реализира, а некои сметаа дека ќе требаат години да се реализира истиот. Проширување на булеварот се ветува со години, но на терен ништо не е преземено.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button