ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најдоцна во четврток предметот за пожарот на модулараната болница ќе биде доставен до судот во Тетово

По повеќе од десет месеци, денеска, најдоцна утре, се очекува предметот за пожарот на модуларната болница во Тетово да биде доставен до судот во Тетово, по што ќе се определи судијата и ќе започне постапката.

Според информациите на Алсат, за пожарот во модуларната болница во Тетово има 4 осомничени лица. Предметот во тетовскиот суд е поднесен по истрагите што ги спроведоа петте обвинители на земјава, како и истрагата на германските експерти. Според телевизијата Алсат, случајот во моментов е во тетовското обвинителство. Постапката се одолговлекува со месеци иако главниот обвинител Лубомир Јовевски во изјава за Алсат предупреди дека гонењето на сторителите на трагедијата е прашање на денови.

За пожарот на модуларната болница во Тетово, во текот на истражната постапка повикани се повеќе од 30 лекари и медицински сестри, кои кобната вечер кога модуларната болница беше зафатен од пламен, беа ангажирани во тетовскиот КОВИД центар, а починаа 14 лица. Биле повикани и очевидци, како и членови на семејството кои се понудиле да дадат исказ. На 8 септември минатата година модуларната болница во Тетово изгоре до темел – во неа се лекуваа 26 пациенти. По настанот, тогашниот министер за здравство Филипче и неговиот заменик Илир Хасани поднесоа оставки, но истите не беа прифатени од поранешниот премиер Зоран Заев. Оставки поднесоа и генералниот директор на тетовската болница Флорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button