ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за пратеничка од СДСМ поради изборот на уставни судии

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поднесе најавеното барање за интерпелација на претседателката на Комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска од СДСМ, поради процедурата за избор на уставни судии.

Барањето се поднесува, како што рече пратеникот Антонио Милошоски, затоа што според ВМРО-ДПМНЕ Георгиевска неделовнички и неуставно на сè уште незавршена точка на дневен ред и незавршена комисија поднела парцијален извештај до претседателот на Собранието, Талат Џафери за избор на уставните судии.

„Тие уставни судии што им одговараат, ги поднесуваат на гласање без да биде воопшто завршен процесот на дискусија на самата седница каде што именуваната Марија Георгиевска не ја закануваше цели десет месеци до пред некое време. Тоа е спротивно на членот 128 од Деловникот, каде што е точно наведено дека работното тело заседава и откако ќе заврши седницата подготвува извештај и записник за тоа што се одлучило на самото работно тело, а оваа седница на Комисијата за избори и именувања не е завршена“, рече Милошоски.

Вториот прекршок, според него, е на членот 129 од Деловникот, каде што пишува дека известител во однос на кои било седници од работните тела најчесто е претседателот на тоа работно тело пред пленумот.

Опозициските пратеници сметаат дека со самото вакво однесување на владејачкото мнозинство во Собранието, дополнително се девалвира не само Уставниот суд како институција, туку и Собранието, а најмногу довербата на граѓаните во правосудството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button