ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
ВМРО: Обвинителствата на Али Ахмети и Ковачевски сè уште молчат за Онкологија
ВМРО: Обвинителствата на Али Ахмети и Ковачевски сè уште молчат за Онкологија

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реакциите за скандалот во Онкологија, велејќи дека рацете на Димитар Ковачевски и Али Ахмети се крвави. „Случајот на онкологија зборува за серија убиства со умисла. Нема вода што може да ги измие СДСМ и ДУИ од најголемиот здравствен скандал во историјата на Македонија, каде лекари и директори, назначени од нив, во стилот на Менгеле, одлучуваат кој пациент ќе живее, а кој не“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозицијата, „во првите 24 часа од ова кривично дело требало да се објави во јавноста кои се главните осомничени и колку долго траело кривичното дело. Но, наместо тоа, обвинителствата на Али Ахмети и Ковачевски сè уште молчат./Alsat.mk