ВМРО повика на протести и го отфрли новиот француски предлог
ВМРО повика на протести и го отфрли новиот француски предлог

„Не, благодарам“, вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ на таканаречениот француски предлог, кој веќе два дена се разгледува во Скопје. Христијан Мицкоски вели дека предлогот ги содржи сите бугарски барања и ја принудува Македонија да дејствува под нејзин диктат. قواعد لعبة الروليت
Еден од документите ја претставува основата за т.н. прва, но политичка меѓувладина конференција, а дури потоа би следувала друга меѓувладина конференција каде всушност би се прифатила Преговарачката рамка. Вакво нешто што не се случило со ниту една друга држава што станувала членка на ЕУ. استراتيجية روليت
Предлогот, вели тој, ѝ дава право на Бугарија да има сопствена определба за македонскиот јазик. اربح مال
Предлогот, според Мицкоски, преговарачкиот процес го условува со Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија во кој се предвидува преземање мерки од страна на Македонија.
Мицкоски ги повикува граѓаните на протест пред Владата утре во 19 часот./Alsat.mk
Фатлуме Дервиши