ВМРО: Предвремени парламентарни избори на пролет
ВМРО: Предвремени парламентарни избори на пролет

Предвремени парламентарни избори напролет следната година и прифаќање на барањата на ВМРО-ДПМНЕ за економско заздравување се две од барањата на опозициската партија од одржаната седница на Централниот комитет. Сепак, повторно немаат поригорозна стратегија за да ја принудат власта да ги прифати нивните барања.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ѝ даде поддршка на својата пратеничка група да не гласа за уставните измени. Што се однесува до економските мерки, оваа партија настојува во буџетот за следната година да вклучи: Одложување на прогресивниот данок кој треба да почне од јануари, спречување на поскапувањата на струјата, викенди без ДДВ, поддршка за локалните компании преку намалување на акцизите на горивата и слично.
Но, за политичките партии од власта, предвремените избори се неприфатливи./Alsat.mk
Фатлуме Дервиши