ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО со апел до СДСМ и ДУИ: Продолжете го рокот на пасошите!

Додека редиците и долгите чекања на граѓаните за добивање на нови пасоши продолжуваат, ВМРО-ДПМНЕ бара парламентарното мнозинство да ги прифати и изгласа измените на законот за продолжување на рокот на пасошите. Антонио Милошоски ја повикува Владата најитно да го стави на дневен ред нивниот предлог за продолжување на рокот на важење на пасошите со старото име на државата до 31 декември годинава.

Но, од парламентарното мнозинство не прифаќаат. Велат – рокот на старите пасоши нема да се продолжи бидејќи се работило за меѓународен договор.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на рокот за пасошите до крајот на годинава дојде истиот ден кога пратениците одобрија да се продолжи рокот на старите возачки дозволи до 31 декември годинава.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button