МАКЕДОНИЈА

ВМРО: Зголемувањето на платата кај дел од административците од 30% е предизборен поткуп

ВМРО – ДПМНЕ обвинува дека зголемувањето на платата кај дел од административците од 30 проценти е предизборен поткуп. Според опозицијата, срамно е да се дава волкава награда кога 60 илјади работници ги изгубиле работните места.

„На ист ден 5-ти август, изготвени, потпишани, испратени до министерствата решенија за додаток плата почнувајќи 5-ти август заклучно со 31.12.2021 година, пет месеци. Селектирани кадри добиваат 30% по предлог на СДСМ и на ДУИ, на 5-ти август, ден пред распишување на изборите, веќе потпишани решенија од министри. Чист случај на изборен поткуп, на однапред договорена акција, спроведена на ден пред распишување избори, додека Македонија гореше! Што е ова ако не поткуп, изборен поткуп, за административци послушници“, рече Наум Стоилковски, ВМРО – ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button