ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во 15 ДКП-а ќе бидат поставени базни станици за брзо издавање патни исправи за нашите иселеници

Во 15 наши дипломатско-конзуларни претставништва ќе бидат поставени базни станици со што ќе се олесни и забрза процесот на издавање патни исправи за нашите иселеници. Досега за издавање пасоши на барање од наши државјани кои живеат во странство мобилни екипи од МНР со опрема заминуваа во амбасадите, ги земаа податоците и вршеа фотографирања, потоа се враќаа во земјава каде во МВР ги обработуваа податоците, ги изработуваа пасошите, па повторно од МНР ги носеа обработените документи и ги издаваа на апликантите со што времето за издавање на патните документи беше во просек четири до шест месеци. За оваа цел четири пати во годината тимови на МНР патуваа во ДКП-та.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button