ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Иселеници го одложуваат враќањето дома откако во Македонија ќе резултираат „позитивни“

Од ден на ден сè по алармантна станува состојбата со Ковид 19 во Струга и струшко. Голем е бројот на иселеници кои не можат да се вратат назад дома, затоа што откако ќе го направат задолжителниот ПЦР тест, се утврдува дека се позитивни на ковид, велат епидемиолози за Алсат. Се ставаат во десет дневен карантин и за тоа се известуваат МВР и Царината. Само во саботата од 280 направени тестови во Центарот за јавно здравје во Охрид, 28 биле позитивни. Во модуларната болница во Струга во моментов има 29 хоспитализирани. Вчера во болнички услови починаа четворица стружани.

„Моментално сите ресурси ни се ставени на располагање. Во последните две недели трендот на хоспитализации со инфекции со Ковид 19 е во пораст…“, изјави Арменд Арслани-директор на општа болница Струга.

Дополнително позитивни случаи има и по направените анализи на двата пункта на аеродромот во Охрид. Имало и цели семејства. Граѓаните се свесни за проблемот.

„Тоа се должи на овие собирите, свадби, прослави, веселби, домашни слави. Јас сум вакциниран и ревакциниран и навивам сите да се вакцинираат. Тоа мора да се направи инаку оваа чума не се сопира…“.

„Вирусот во Струга не е од рестораните. Луѓето што се заразуваат повеќе дома се заразуваат, што се собираат по 20 по 30 луѓе. Менталитетот кај нас е таков….“.

„Народот е крив, но прво Парламентот е крив, што даде дозвола за одржување на свадбите, без никакво внимание, без никакви контроли. Тоа донесе многу заразени…“.

„Треба да се вакцинираат, нема друг спас. Кој не стравува? Сега велат дека е уште полошо од што беше. Иако сум вакциниран два пати, сепак ми е страв.“

Во Струга голем е и бројот на дневни амбулантски прегледи на пациенти со симптоми на ковид. Само вчера тој број бил 112. И во Охрид е критично. Во модуларната болница се останати уште само шест слободни кревети. Хоспитализирани се 44 пациенти, а најмладиот има 40 години.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button