ВЕСТИРЕГИОН

Во Бугарија од денеска почнува пријавувањето за претседателските и парламентарните избори

Во Бугарија од денеска во Централната изборна комисија (ЦИК) почнува пријавувањето на партиите и коалициите за учество на претседателските и потпретседателските избори и предвремените парламентарни избори, закажани за 14 ноември.

Пријавувањето ќе трае од денеска до 29 септември.

Ова ќе бидат трети парламентарни избори во Бугарија во 2021 година, што се смета за преседан во 142 години бугарска политичка историја по ослободувањето од османлиското ропство.

Истовремено, ова ќе бидат први заеднички парламентарни и претседателски избори во поновата историја на Бугарија, во последните 32 години од соборувањето на комунистичкиот диктатор Тодор Живков, во есента 1989 година.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button