МАКЕДОНИЈА

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 37 пациенти

Уште 37 пациенти заразени со коронавирус беа хоспитализирани во Скопје во последните 24 часа. Само што Клиниката за гастро беше пуштена во употреба како центар за ковид, вчера во текот на денот беа хоспитализирани 17 пациенти. Министерството за здравство најавува дека во сите болници во земјава има уште 80 легла слободни. Во моментов, над 1.100 пациенти, или 6,2% од пациентите со Ковид-19, се лекуваат во болнички услови.

„410 пациенти се лекуваат на инфективните одделенија на скопските клиники 694 пациенти се лекуваат во сите ковид центри во други градови“, соопштуваат од министерството за здравство.

Министерот за здравство денес зборуваше за медицинскиот персонал. Според него, со ангажирање на студенти од 6 та година по медицина и специјализанти во матичните клиники, лекарите добро се држат. Иако дури половина од приватните лекари не одговорија на повикот да се вклучат во ковид центрите, Филипче рече дека во моментот нема потреба да се повикуваат лекарите и медицинските сестри кои се во пензија.

Превозот на итните случаи од домашно лекување до болниците останува исто така предизвик. Иако во текот на неделата беа активирани неколку воени амбуланти во Скопје, другите градови остануваат на милост и немилост од донациите.

Градови со најмногу случаи со Ковид-19 се Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Битола итн.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button