ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа нема хоспитализирани пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема  хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 58 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември исто така немало  примени пациенти, ниту пак на  Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 83 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button