ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Македонија има само еден регистриран лобист, ќе се менува законот

Откако беше донесен пред 12 години Законот за лобирање остана само на хартија. Никогаш не беше имплементиран. Само еден лобист е регистриран од 2008 година за да работи со законодавците, општинските советници за креирање политики што ќе ја спречат корупцијата. Поради неефикасноста на постојниот закон, предложени се законски измени. Новиот предлог-закон за лобирање е во собраниска постапка, со кој надлежностите за следење на спроведувањето му се одземаат на генералниот секретар на Собранието и ѝ се даваат на Антикорупциската комисија.

Advertisements

Од Антикорупциската комисија велат дека за жал лобирањето во нашата земја се гледа во негативен контекст, иако помага да се спречат некои постапи кои водат до корупција.

Во измените во Законот за лобирање сега се наведени последните препораки на Европската комисија и на четвртата и петтата група на анти-корупциската организација ГРЕКО. Биле вклучени и 17 невладини организации. Со предлог-законот, лобистите и организациите за лобирање ќе бидат во надлежност на Комисијата за спречување на корупцијата, која ќе ја контролира нивната работа, особено во однос на судирот на интереси и опасноста од земање мито.

Mefail ISmaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button