ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во населбата Радишани во Скопје, жителите упаднаа во меѓусебните имоти, не по своја вина туку поради сателитските катастарски мерења

Триесет години откако живееш во твојата куќа и имот, доаѓа соседот и ви вели дека половина  дел од вашата куќа или спална соба е моја. Ова се случува во населбата Радишани во Бутел. Жителите на оваа населба за Алсат велат дека во новите имотни листови, на сите им е поместен планот за околу два метри, и сега секој има удел кај другиот. Велат дека проблемот го прикажале во катастар, од каде им било кажано дека има грешка, но без да понудат решение.

Жителите на Радишани велат дека никој не им дава инструкции како да го решат проблемот и да ги вратат имотите според старите имотни листови. Тие велат дека поради овие грешки во Катастарот, некои соседи  дури и се тепале. Жителите велат дека  немаат помош од Катастарот, и треба да се тужат меѓусебно на суд за да се реши проблемот.

Во врска со проблемот на жителите од населбата Радишани во Општина Бутел, побаравме став и од Катастарот. Најаваиј дека ќе се обидат да ни дадат одговор утре.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button