ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје пронајдена дрога кај 32 годишен делчец

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена теговија со дрога и оружје при СВР Скопје, денеска го лишеа од слобода Д.Д.(32) од Делчево.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претресот извршен со наредба од Судија на претходна постапка во дом во Скопје каде што лицето престојувало, биле пронајдени 45 пакувања марихуана и една вага.

Лицето е приведено во Полициска станица Центар, а по документирање на случајот од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик./МИА

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button