ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Собранито закажни три пленарни седници

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска се закажани продолженија три пленарни седници – 131, 138 и 145-та.

На деневен ред на 131 седница, меѓу другото, се Предлог одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија, предлог законите за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, на Законот за заштита на децата и на Законот за социјалната заштита, сите по скратена постапка.

На 138 седница пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, Предлог – националната стратегија за развој на културата со Акциски план за периодот 2023-2027 година, Предлог одлуката за давање согласност на Годишна програма за работа и развој и на на Финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година. Треба да се расправа и за предлог законите за стручно усовршување и обука на административните службеници  за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација. за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и за изменување и дополнување на законот за електронско управување и електронски услуги.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button