ВЕСТИСВЕТ

Британските земјоделци со трактори протестираа пред британскиот Парламент

Британските земјоделци синоќа (25 март) во конвој со трактори се движеа од јужна Англија до Парламентот во Лондон за да протестираат против правилата донесени по Брегзит и трговските договори за кои тврдат дека им ја загрозуваат егзистенцијата и безбедноста на храната.

Десетици трактори со членови на организациите „Да го зачувме британското земјоделство“ и „Бидете фер кон фармерите во Кент“ се движеа низ јужните предградија на Лондон на пат кон плоштадот на Парламентот, каде што десетици поддржувачи чекаа да ги поздрават.

Британското земјоделство беше тешко погодено од Брегзит, кој ја извади земјата од зоната на слободна трговија на територијата на Европската унија и сложената мрежа на земјоделски правила што владеат таму.

Многу британски земјоделци го поддржаа Брегзит, спротивставувајќи се на заедничката земјоделска политика на Унијата, која наиде на жестоки критики. Сепак, многу од нив сега се противат на трговските договори по Брегзит што земјата ги склучи со други земји, вклучувајќи ги Австралија и Нов Зеланд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button