СПОРТФУДБАЛ

Фенербахче размислува за влез во лига од западноевропските земји

Нападот на хулиганите врз фудбалерите на Фенербахче, по завршувањето на натпреварот во Трабзон крена голема „прашина“ во турскиот фудбал. Една недела по инцидентот страстите не се смируваат, Фенербахче се закани дека ќе се повлече од лигата.

Да потсетиме, се започна по крајот на натпреварот меѓу Фенер и Трабзон. Тимот од Истанбул победи со 3:2 со голот на Батшуаи во 87.минута, што предизвика гнев кај домашните навивачи, кои втрчаа на теренот и ги нападнаа играчите на гостинската екипа.

Најлошо беше мина голманот на Фенербахче Доминик Ливаковиќ, кој доби тупаница во главата додека бегаше кон соблекувалната. Според турските медиуми, тимот од Истанбул размислува за влез во лига од западноевропските земји. Меѓу нив се Холандија и Белгија, како и три од петте најсилни национални прврнства.

„Се разгледуваат Белгија, Холандија, француската, шпанската и италијанската лига“, пишуваат турските медиуми.

Тимот на Фенербахче е составен од фудбалери кои доаѓаат од 14 различни земји.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button