ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во среда конкурс за местото на обвинителката Вилма Русковска

Во среда конкурс за местото на обвинителката Вилма Русковска

За избор на нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе гласаат 163 јавни обвинители. Обвинителството во моментов има 164 обвинители, но на крајот на месецот еден од нив оди во пензија. اربح مال مجانا Апликацијата бара два основни услови.

Обвинителите за кои се води дисциплинска постапка немаат пречки да се пријават за функцијата шеф на организиран криминал. ربح حقيقي من الانترنت Тоа не важи за актуелната шефица, Вилма Русковска, бидејќи има статус на суспендирана. العاب مجانية عبر الانترنت

Конкурсот ќе биде објавен в среда на 21 септември. По завршувањето на конкурсот ќе се подготви изборен материјал со имињата на кандидатите. Изборот на шеф на организиран криминал со непосредно гласање се случува за прв пат, по измената на Законот за јавно обвинителство. Целта е да се избегнат политичките влијанија.

Вилма Русковска беше суспендирана од функцијата поради сомнение за сторени прекршоци при истражната постапка во случајот со поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Советот на јавни обвинители за вршител на должноста го назначи Трајче Пеливанов.

Во моментов, Обвинителството за организиран криминал и корупција, меѓу другите предмети, работи и на случајот за можни неправилности во Финансиската полиција, постапка која ѝ е доверена на обвинителката Лиле Стефанова, како и истрага за Центарот за техничка контрола „Виа Комерц“, каде поминал автобусот кој потоа излета и се запали на автопатот Струма во Бугарија. Со овој случај продолжува Катерина Коларевиќ./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button