ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Првиот снег кај нас можеби уште следнава недела

Првиот снег кај нас можеби уште следнава недела

Времето залади. Првиот снег падна во Словенија, Хрватска и Србија. Во планинските предели на Копаоник синоќешниот снег ги изненади дури и љубителите на скијањето, бидејќи патеките побелувале дури кон крајот на септември или почетокот на октомври. Метеоролошките прогнози покажуваат дека првиот снег не е далеку ниту од нашите највисоки планини. Врвовите на Кораб и Шара следнава недела би можеле да бидат покриени со прв снег.

Есента доаѓа, па времето залади само неколку денови пред нејзиниот календарски почеток. Прогнозата за цела недела е за температури меѓу 2 и 12 степени и граѓаните треба да бидат внимателни и да носат подебела облека. На Шара се очекуваат и првите врнежи од снег.

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека движењето кон југ на студените воздушни струи од европскиот континент, предизвикува влажност на Балканскиот Полуостров и Апенините. Според метеоролог Борис Секирарски, невремето започна преку Јадранското Море во централна и северна Италија, проширувајќи се кон Балканот, но до нас стигнаа само неговите расфрлани облаци.

Инаку, големи штети од невремето од петокот беа регистрирани во Италија и Албанија. Во Албанија дождовите поплавија многу автопати, градови и села, а беа урнати и некои мостови. Во Италија до денеска беа евидентирани 11 жртви и две исчезнати лица./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button