ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Струга нема педагози Албанци

Многу основни училишта во Струга немаат педагози и психолози Алабнци и тоа создава проблем при комуникацијата со учениците кои имаат проблеми при поведението. Од училиштата за Алсат велат дека поднеле барања за вработувања, но се уште не добиле одговор.

Оваа учебна година многу училишта во струшко, каде настава се изведува на албански јазик, ја завршија без педагог или психолог Албанец. Речиси и да нема училиште, кој го нема овој проблем. Таков е случајот и во локалното училиште Нури Мазари во селото Делогожда, каде нема психолог.

„Отсуството на психолог во нашето училиште Нури Мазари во Делогожда кое е централно и ги опфаќа и подрачните училишта во село Корошишта, Ливада и Џепин и Поум, каде има комбинирани паралелки е големо. Имаме околу 500 ученици и 47 паралелки. Законски со 24 паралелки треба да имаме вработен еден психолог, а на нас ни требаат двајца, бидејки има 47 паралелки, што е многу потребно за децата. Ние сме поднеле барање за министерството за образование и финансии за еден психолог, но образложението од таму е поради немање на финансии“, рече Каим Даути-наставник во ОУ во село Делогожда

Поради ова учениците но и наставниот кадар, се соочуваат со проблеми,кога се јавува потреба од комуникација со ваков кадар.

„Ако имаме проблем со некој ученик со слабо поведениe, со тоа треба да се занимава педагогот, бидејки немаме психолог.Педагогот толку многу има работа според планот и програмата за работа, а треба да внимава и на оние ученици за кои треба да внимава психологот“, рече Каим Даути-наставник во ОУ во село Делогожда.

Министерот за образование, Јетон Шаќири за Алсат вели дека е запознаен со проблемот.

„ Oдредени училишта имаат доставено барање до Министерството за образование за пополнување на овие работни места кои досега не се реализирани. Ние тие барања ги имаме доставено до Министерството за финансии и очекуваме во наредниот период да добиеме позитивно мислење….“, истакна Јетон Шаќири-министер за образование.

Инаку како што Алсат веќе објави, без педагог Албанец 33 години функционира најголемото основно училиште во Струга, Браќа Миладиновци.

Таму од вкупно 1.160 ученици, дури 730 следат настава на албански јазик. Од училиштето ни изјавија дека минатите години неколку пати упатувале барање за вработување до министерствата за образование и финансии, но позитивна одлука никогаш не била донесена.

Новинар: Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button