ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во тек истрагата за случувањата на петочната седница на собраниската Комисија за надзор над АНБ

Се уште нема одговор што се случи, зошто и кој е виновен за тоа што се слушало она што се зборува на седницата во петокот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, на којашто реферираше директорот на АНБ, Виктор Димовски.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА велат дека случајот е пријавен во Секторот за компјутерски криминал и оти веќе се постапува по него, но засега не се соопштуваат други информации.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери посочуваат дека истрагата е во тек и дека штом Собранието добие официјални информации од Министерството за внатрешни работи, јавноста ќе биде информирана.

На прашањето дали веќе има суспензии на вработени по овој настан, од Кабинетот велат дека нема ништо од тоа, бидејќи, според нив, сѐ уште не се знаат причините за тоа што се случи на Комисијата.

Во петокот директорот на АНБ, Димовски на затворена седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР, реферираше за случајот со давање македонско државјанство на украинскиот државјанин Олександар Онишченко. Она што се зборуваше на затворената седница на Комисијата одело тонски во живо на Јутјуб.

Претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов за МИА изјави дека сѐ уште чека да биде известен од Џафери за исходот од истрагата за потоа да закаже продолжение на седницата. Информации за истрагата од Џафери чека и опозицијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button